OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

 

 

..Crkvi i manastiri
    

Црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент)

Pogled kon crkvataВо стариот дел на градот, близу Горна порта, во 1295 година, била подигната црквата Света Богородица Перивлепта, позната како Свети Климент. Оваа црква спаѓа меѓу најстарите цркви во Охрид, а воедно е една од најубавите, пред се, според живописот.

Од натписот што се наоѓа на западниот влез од нартексот , се дознава дека ктитор на црквата бил византискиот војсководец и намесник Прогон Згур, роднина на императорот Андроник II - Палеолог. Исто така се дознава дека црквата е посветана на Света Богородица.

pogled na oltarskata apsida, 1259 g.Во времето кога Турците Климентовата црква Свети Пантелејмон ја претвориле во џамија моштите на светителот- Климент Охридски, најпрво биле пренесени во црквата Мал Свети Климент, а потоа во Света Богородица Перивлепта, по што народот едноставно името на црквата го преименувал во Свети Климент.

Оваа црква, во периодот по претворањето на катедралата Света Софија во џамија, станала соборен храм на Охридската архиепископија. Голем број на црковни предмети , икони и книги биле пренесени во оваа црква. Се знае дека во рамките на црквата имало голема архиепископска библиотека со ракописи на пергамент од XI и XII век, како и стари музички нотации од византиското црковно пеење. Нешто од тоа богатство на предмети е сочувано и денес, но за жал поголемиот број, со пустошењата на кои бил подложен Охрид и Охриѓани, засекогаш се оттргнати од местото на кое му припаѓале. Исто така околу храмот имало голем манастирски комплекс, а во непосредна близина била подигната архиепископска палата која кон средината на XIX век изгорела. Свети Климент го носи називот на "Голема црква", затоа што била катедрала на Охридската архиепископија.tajnata vechera, 1295 g.

Со откривањето на живописот на црквата битно се променети сознанијата за уметноста од крајот на XIII и почетокот на XIV век не само во Македонија, туку во сите православни земји во Југоисточна Европа. Станува збор за една целина на ѕидното сликарство која ја претставува последната фаза од византиската култура позната како палеологовска ренесанса. Истовремено преку живописот на Свети Климент дознаваме за двајцата зографи-Михаил и Ефтихиј, кои над две и пол децении доминирале во сликарството на просторот на Македонија и Србија.

Црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) е во облик на впишан крст со купола и припрата со плитка калота. Заедно со црквите на Свети Јован Богослов - Канео и Света Богородица Захумска ( кои се со облик на впишан крст) ја презентираат македонската архитектура од палеологовскиот период.

Oplakuvanje na Hristos, 1295Зографите Михаил и Ефтихиј имаат изложено десет циклуси во олтарот, наосот и припратата на црквата. Во средиштето на куполата е насликан Христос Седржител, а околу него се ангелите. На највисоките површини се разработени Големите празници, а веднаш под нив, околу наосот е циклусот на Христовите страдања, додека пак во западните агли на наосот се прикажани Христовите чуда, неговата моќ за исцелување, како и неговото дејствување.

Uspenie Bogorodicno 1295Олтарниот дел на црквата е со сцени кои ги третираат евхаристичните церемонии и литургиите. Под Страдањата на Христос низ сцени е опишан животниот пат на Богородица. Сцените почнуваат од јужниот ѕид на олтарот и завршуваат на северниот ѕид повторно во олтарот. На западниот ѕид повторно се сретнуваат композиции кои се поврзани со Богородица, но овој пат тие се однесуваат на нејзината смрт. Доминатна е сцената на Успението Богородичино која се наоѓа во средината на циклусот.

Според зборовите на еден од најголемите познавачи на византиската уметност академикот Цветан Грозданов, она по што се издвојува ова фреско сликарство е драмската сила, динамиката и реализмот. Зографите Михаил и Ефтихиј ги напуштиле нормите на фреско сликарството што дотогаш биле присутни во Византија и тргнале да творат давајќи им на фреските свои карактеристични особености.

Во разјаснувањето на стилот на двајцата зографи треба да се спомене сцената на "Тајната вечера" , во која, има елементи на трета димензија. Мајсторите тоа го решаваат со тоа што во преден план, пред масата, цртаат апостол кој седи, а во средишниот дел е Христос со апостолите, додека пак во позадината е насликана архитектура.

Pricestuvanje na apostolite, 1295Кога се зборува за силниот драмски набој кој е внесен во фрескосликарството треба да се спомене сцената "Предавството на Јуда", како и сцените од Судењето на Христос и неговиот пат на Голгота. Според Ц.Грозданов "Оплакувањето на Христос" е една од сцените која е невозможно да се спореди со било која друга во уметноста што датира од тоа време. Потресна сцена во која над мртвото тело на Христос неговите најблиски ги бакнуваат рацете и нозете, Богородица е во несвесна состојба, некои жени ги кубат косите, па дури тажат и ангелите. Во еден од аглите на сцената се појавуваат и жени тажачки, што претставува народен обичај. Елементи од непосредниот живот од охридскиот крај се внесени и во други композиции.

На северниот ѕид на црквата се насликани портретите на светителот Климент Охридски и архиепископот Константин Кавасила. Свети Климент е поставен на забележливо место бидејќи охриѓани верувале дека тој е заштитникот на градот и дека бдее над човечките судбини и ги штити од болестите и војните. Местото пак што му е дадено на архиепископот Кавасила е поради неговата исклучителна улога во водењето на Охридската архиепископија, а освен тоа тој е познат и како политичар и поет од XIII век.

Во припратата на храмот насликани се слики со старозаветни теми (Овоплотувањето на Христос, Мојсие ги прима законите, Скалите на Јаков, Борбата на ангелот и други).

Sv. Kliment Ohridski i Sv. Konstantin Kavasila, 1295Кога се зборува за сликарството на зографите Михаил и Евтихиј треба да се спомене дека станува збор за големи мајстори кои навлегле длабоко во религиозните теми, нив ги облагородиле со свои филозофски гледишта, а покрај тоа се презентираат и како познавачи на историјата. Анализирајќи го нивното сликарство академик Грозданов ќе рече дека тие најверојатно се формирале како зрели зографи во големиот центар - Солун, културна метропола на Македонија и Византија.

Во 1365 година, во црквата Свети Климент е завршено живописувањето на северниот и јужниот параклис, како и во отворениот трем. Во тоа време на чело на Охридската архиепископија бил Григориј II. Северниот параклис е посветен на Свети Григориј Богослов. Зографи биле ученици од Теоријановата школа.

Интересно е да се напомене дека во јужниот параклис сега се чува плочата на заедничката гробница на Свети Климент Охридски и архиепископот Прохор.

Во тремот на црквата се пронајдени и неколку ремек дела од охридската збирка на икони. Меѓу нив се иконите Благовести, Христос Седржител, евангелистот Матеј, како и група на празнични икони. Споменатите икони му припаѓаат на периодот од XII до почетокот на XIV век.

NAGORE