АФТОКЕФАЛНАТА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Народноослободителната воjна на
македонскиот народ има компонента и на борба за
возобновување на Охридската архиепископиjа. На
првата слободна териториjа, на 21 октомври 1943
година , во селото Издеглавjе ( 30 км од Охрид ), е
одржан Првиот свештенички собор на коj е решено
да се отфрли jуриздикциjата на туѓите цркви и да
се возобнови Охридската архиепископиjа.
На 4 и 5 март 1945 е одржан Првиот
црковно-народен собор на коj е донесена
Резолуциjа, во коjа се вели: 1. "Да се обнови
Охридската архиепископиjа како Македонска
самостоjна православна црква, коjа нема да биде
потчинета на коjа и да било помесна национална
православна црква " ; 2. "Црквата да има свои
народни епископи и народно свештенство, за да се
запазат карактерните особини на македонскиот
народ и тоj да биде поблизок до своjата родна
црква " и 3. "Првиот македонски архиереj да jа
носи титулата "охридски архиепископ" а
православната црква на Македониjа "Свети
Климентова Охридска архиепископиjа ".
Вториот црковно-народен собор е
одржан од 4 до 6 октомври 1958 година во
катедралната црква Света Софиjа во Охрид. Во
првата точка од одлуката е нагласено: "Овоj
црковно-народен собор решава да се обнови
старата Македонска охридска архиепископиjа коjа
беше присилно укината, а неjзините епархии беа
припоени кон Цариградската партиjаршиjа во 1767
година и истата да го носи називот - Македонска
православна црква. За архиепископ е избран
Господин Господин Доситеj.
Светиот синод на Македонската
православна црква на 17 и 18 jули 1967 година го
свикува Третиот црковно-народен собор во Охрид,
во катедралната црква Света Софиjа. На свечената
седница е донесенаОдлуката за прогласување
автокефалност на Македонската православна црква
Член 1
Македонската православна црква -
наследница на обнованета Охридска
архиепископиjа - се прогласува за Автокефална.
Член 2
На чело на автокефалната
Македонска православна црква е Архиепископ со
достоинството "Архиепископ Охридски и
Македонски ".
Досегашниот поглавар на
Македонската православна црква, Неговото
блаженство Господин Доситеj ќе се именува со
достоинството: "Архиепископ Охридски и
Македонски".
Член 3
Диецезата на автокефалната
Македонска православна црква се поклопува со
границите на македонската национална држава -
Социjалистичка Република Македониjа.
Член 4
Автокефалната Македонска
православна црква, како дел од едната, света,
соборна и апостолска Црква, ги прима и ги чува
своето Свето писмо, прописите на сите вселенски и
помесни собори, како што ги чуваат и другите
автокефални православни цркви и отфрла секое
друговерно учење.
Член 5
Автокефалната Македонска
православна црква се управува согласно со
Светото Писмо, Светото Предание, Апостолските
правила, каноните на светите вселенски и помесни
собори и Уставот на Македонската православна
црква.
Член 6
Препис од оваа одлука да се достави
до сите автокефални православни цркви како и до
сите епархии и црковни општини на автокефалната
Македонска православна црква.
Член 7
Обjавувањето на оваа Одлука да
стане пред Црковно-народниот собор на
Македонската православна црква, свештенството и
благочестивите христиjани на Светата Архиереjска
литургиjа во црквата Свети Климент Охридски во
Охрид.
Член 8
Оваа одлука стапува во сила веднаш
по донесувањето.