OHRID -
    LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

NAZAD

..
linija.JPG (4258 bytes)

МУЗИЧКАТА КУЛТУРА

Во периодот на преродбата на тлото на Охрид и околните селски населби се развива музичката култура. Со ова време е поврзана деjноста на "Охридските трубадури" кои jа негуваат "градската песна". Тоа е времето од 1850 година натака. Под раководство на Ангеле Караѓуле работела првата генерациjа на музички состави, коjа благодареjќи на талентот на Караѓуле, и денес и остави на jавноста да ужива во напевите за "Деспина", "Ќе ме грабит, нане... ", "Џоџе шетат со каjчето", "Фанче оjде во Калишта" и други.

Ohridski trubaduriOhridski trubaduri

Во рамките на охридскиот музички фолкор незаобиколно треба да се спомене творбата "Билjана платно белеше". Времето на создавањето на песната не може да се утврди. Наjраширено е сфаќањето дека таа е испеана од народен пеач во минатото кога по римскиот пат Via Egnatia поминувале низа карвани кои носеле вино од Македониjа за европските земjи. Врз основа пак на сериозните прочувања на неjзината мелодиска структура констатирано е дека таа е од поново време ( наjвероjатно од XIX век) кога музиката што се создавала на овие простори била под силно влиjание на западноевропското музичко творештво. "Билjана платно белеше" и денес е своевидна ода за Охрид.

Во периодот од XVI до XIX век значаjно се усовршувала црковно-музичката уметност. Во тоа време се создадени броjни композиции кои и денес се употребуваат во црковните служби. Во тоj период како значаjни композитори се поjавуваат Данаил Првопевец, Јован Трапезунски, Петар Берекет, Петар Ефески, Тодор Фокеjски, Јаков Пелопонески, Мануил Византиец, Григориj Левитски, Георги Критски, Петар Лампадариj и некои други. Нивните дела се создадени врз основа на литургиите и црковните служби. Треба да се истакне дека творбите имаат високи уметнички квалитети. Но, по укинувањето на Охридската архиепископиjа доаѓа до влошување на условите така што и не се постигнати некои позначаjни остварувања на полето на црковното пеење.

Во XIX век посебно значаjни се т.н. "невматски" ракописи, кои се создадени во 1818 година. Ракописите говорат за обновување на врските меѓу Охрид и Цариград. Тие влегуваат во редот на антологиските прирачници за духовна музика што овозможувала секоjдевните црковни служби да бидат збогатени со квалитетни музички творби. Посистематска работа на полето на описменувањето на црковните певци е забележана со доаѓањето на стружанецот Наум Миладинов, брат на Димитриjа и Константин Миладинов. Тоj во Охрид оформил музичко училиште во кое по писмен пат се изучувало црковното пеење. Наум Миладинов за таа цел напишал учебник, коj воедно претставува прв од таков вид на тлото на Македониjа.

Во текот на прередобата забележана е тенденциjа во црковното пеење да се внесуваат елементи на локалната музичка традициjа. Тоа го направил Јован Хармосин, охриѓанец, коj по завршувањето на образованието, се зафатил со решавање на прашањето за обезбедување на словенски текстови и соодветни напеви. Хармосин непознаваjќи го старословенскиот jазик отишол во манастирот Света Богородица Пречиста- Кичево за да го изучи jазикот меѓу монасите. Потоа тоj успешно превел низа музички текстови од грчки на старословенски jазик, во кои, извршил и одредена реконструкциjа на словенското црковно пеење. Хармосин издал и два зборника со црковни напеви.

NAGORE