OHRID -
    LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

NAZAD

..
linija.JPG (4258 bytes)

СЛИКАРСТВОТО ВО ОХРИД ОД XI ДО КРАЈОТ НА XIV ВЕК

Во XI век во црковното сликарство присутен е монументалниот стил, во кое наjголемо внимание му се посветува на изразот на лицето. Се водело сметка да се истакнат внатрешните чувства на насликаните светители. Овоj стил ќе го наjдеме во сочуваниот живопис на катедралната црква Света Софиjа.

Околу изградбата на овоj катедрален храм постоjат различни мислења. Некои сметаат дека Света Софиjа е изградена уште во времето на бугарскиот цар Борис, додека други изградбата jа поврзуваат во владеењето на цар Самуил.Трети пак, како што споменавме jа поврзале, со архиепископот Лав, односно кон средината на XI век, кога тоj од Цариград доаѓа во Охрид. Наjверодостоjна е оваа претпоставка, како и тоа дека живописот во црквата е направен неколку години пред смртта на архиепископот Лав (1037-1056). Самиот живопис е направен од непознати зографи, кои навероjатно дошле од Солун и е работен неколку години.

Bogorosica so Hristos, apsida, oltar, 11 vekНаjдобро е сочуван живописот во олтарниот простор на црквата, каде што во централната апсида е насликана монументалната фигура на Богородица со малиот Христос во рацете, седната на трон коj е богато украсен. Кон Богородица од левата и десната страна приоѓаат по пет ангели .

Под фигурата на Богородица со Христа насликана е композициjата "Причестување на апостолите". Таа е една од наjинтересните композиции во црквата на коjа е претставен Исус Христос, коj со десната рака благословува, а во левата рака држи леб на коj е втиснат крст во криптограм. Од двете страни приоѓа по еден ангел, а апостолите, по шест од двете страни, се насликани еден позади друг.Angel od frizot na angelite, oltar, 11vek

Меѓу сцените насликани во олтарниот дел треба да се споменат "Вознесението Христово" и "Свети четириесет маченици". Првата е една од поголемите и доминантни композиции, присутни во црквата. Таа е насликана на сводот над олтарниот простор. На неа се насликани апостолите и Богородица, предводена од ангели. Во позадината се надвишуваат фигурите на апостолите , чии погледи се вперени кон четирите ангели кои летаат и носат медалjон на коj е насликан Исус Христос. Маjсторството на зографите во оваа композициjа се гледа во разработката на деталите.

Втората композициjа се состои од неколку циклуси, при што главната сцена "Смрзнувањето на севастиjските воjници во замрзнатото езеро" е насликана како централна композициjа на апсидата од проскомидиумот. Зографите посебно внимание му посветите на секоj лик со сета морничавост што може да се забележи на ликовите од нивното мачење. Оваа легенда особено е почитувана во Цариград, а претставувањето во црквата Света Софиjа во Охрид е единствен таков случаj во византиското сликарство од овоj период.

Со сигурност може да се каже дека по живописувањето на црквата Света Софиjа во XI век биле поставувани икони на иконостасот во црквата. На ова упатува пронаоѓањето на иконата посветена на Четириесетте севастиjски воjници. Таа наjвероjатно е една од иконите што се целивале (бакнувале) во црквата Света Софиjа. Оваа икона, мала по своите димензии, е една од наjстарите икони пронаjдени на просторот на Охрид, а воедно тоа е наjраната византиска икона со оваа тема.

Култот кон Словенските просветители Светите Кирил и Методиj и Свети Климент Охридски се гледа од застапеноста на нивните портрети во катедралата Света Софиjа. Нивните портрети се насликани на jужниот зид од црквата , непосредно до иконостасот.

Се претпоставува дека живописот е дело на солунски зографи бидеjќи постоjат сличности со живописот на црквата Света Софиjа во Солун.

Кога се зборува за сликарството од овоj период треба да се споменат две извонредно значаjни икони на кои се претставени Богородица и Архангел Гаврил, што заедно jа сочинуваат композициjата Благовештение. Рускиот научник Н.Кондаков коj ги открива овие икони ги поврзува со охридскиот архиепископ Лав, а како време на настанување ги означува XI-XII век.Sv. Vasilie Veliki i Sv. Nikola, 11 vek

Од втората половина на XI век е датирана значаjната икона посветена на Св.Василие Велики и Св.Никола, коjа е откриена во црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент). Иконата е доста оштетена, но сепак може да се забележи дека зографот што jа работел бил близок на стилот на сликарството од црквата Света Софиjа.

Практиката охридските архиепископи да подаруваат икони на охридските цркви при стапувањето на престолот продолжила. Тоа го покажува една охридска икона на коjа е претставен Исус Христос од 1262/63 година. На задниот дел на иконата како дарител е посочен угледниот охридски архиепископ Константин Кавасила. На самата икона Исус Христос е претставен во половина раст, облечен во кафеав хитон, шрафиран со злато. Околу главата има ореол од гипс изведен во релjеф и орнаментиран. Се претпоставува дека иконата е дело на локален сликар.Isus Hristos, 1262/63

Архиепископот Кавасила бил надарен писател и теолог поради што бил посебно почитуван. Како плод на тоа неговиот портрет е насликан веднаш до Климентовиот во црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент), во фреско живописот на црквата Свети Јован Богослов-Канео и во Свети Врачи Мали. Старото комненско сликарство било присутно во последните децении на XIII век и тоа наjдобро се гледа по фреско сликарството во црквата Свети Јован Богослов-Канео. Тоа во основа е конзервативно и факт е дека се потпирало на традициjата присутна во сликарството од XII век.

Кон краjот на XIII век на просторот на Охрид работеле повеќе сликари, кои припаѓале на различни сликарски работилници, но и на различни центри. Од овоj период значаjни се литиjската икона посветена на Богородица Одигитриjа и Распетието Христово. Се работи за вистинско ремек дело на византиското штафелаjно сликарство. Богородица е насликана до поjас. Во левата рака го држи малиот Христос, а со десната покажува кон него. Лицето на Богородица е тажно поради сознанието за судбината на Христос. На другата страна е насликан распнатиот Христос, а под него Богородица и Св.Јован, во карактеристични пози за сликарството во XIII век, со целосна смиреност и воздржаност во миговите на болката.

Bogorodica Perivlepta, 14 vekUspenie Bogorodicno 1295Се претпоставува дека поголем броj сликари од разни центри доаѓале во Охрид по покана на владетелите и архиепископите. Во последната децениjа на XIII век на дваjца такви сликари им е доверено да jа живописаат новоизградената црква посветена на Света Богородица Перивлепта (Свети Климент). Црквата е изградена во 1295 година , а неjзин ктитор е византискиот воjсководец Прогон Згур, роднина на императорот Андроник II - Палеолог. Веднаш треба да се спомене дека фреско сликарството од оваа црква е едно од наjдобро сочуваните од тоj период, не само во рамките на Македониjа, туку и воопшто во целата византиска уметност. Михаил и Евтихиj се сликарите кои jа живописале оваа црква. Тие своите инициjали и потписи ги имаат ставено на повеќе места.

Извонредната сочуваност на фреско сликарството овозможува потполн увид во теолошката програма. Врз просторот на сводовите распослани се големите композиции што ги илустрираат Празниците, а под нив се сцените кои ги илустрираат животот, чудата и страдањата Христови. Во олтарниот простор се темите поврзани со литургиjата, а во горниот дел од апсидата е насликана Богородица, една од наjатрактивните и наjдобро сочуваните во средновековното сликарство во Македониjа. Водеjќи сметка за популарноста на Свети Климент Охридски, заштитникот на Охрид, зографите одбрале едно од наjпогодните места во црквата, сликаjќи го на северниот зид од наосот. Овоj портрет според оценките се смета дека е наjуспешен во средновековната уметност бидеjќи зографите успеале посебно да ги истакнат основните карактеристики на просветителот, а тоа е блажината на неговата душа, како и внатрешната динамика на неговата личност. Тоа е основната карактеристика на сликарството од тоj период и по тоа се разликува од сликарството присутно каj солунските зографи. Освен тоа, фигурите имаат и пореалистичен третман. Меѓу иконите кои се сметаат дека се дело на Михаил и Ефтихиj само Св.Матеj има поголем формат. Свети Матеj е насликан во цел раст со книга во рацете. Свртен е полулево со поглед кон гледачот. Покраj оваа, од помалу форматните икони, на творештвото на овие дваjца сликари им се припишуваат и иконите: "Томино неверство", "Слегувањето во пеколот", "Крштевањето Христово", "Раѓањето Христово", како и оштетената икона на коjа коjа е насликана композициjата "Воведение на Богородица".

Во XIV век во еден кус период се реализирани неколку значаjни потфати. Меѓу нив значаjно место зазема градењето на црквата Свети Никола Болнички во 1312/13 година, изградбата на еден од наjмонументалните обjекти во средновековното градежништво- припратата на црквата Света Софиjа во 1313/14 година и на краjот една од наjзначаjните обнови на манастирската црква Свети Пантелеjмон, каде што е изведен живопис.

Raspetie, 14 vekНа ова време му припаѓаат многу значаjни икони. Меѓу нив посебно место заземаат двете литиjски икони на кои се насликани "Богородица Душеспасителка" од едната и "Благовештението" од другата страна, и втората , "Исус Христос Душеспасител" и "Распетието Христово" од другата страна. Од првите децении на XIV век е и храмовата икона на црквата Богородица Перивлепта. Подоцна, во 1365 година, на задната страна била насликана композициjата Воведение на Богородица.

Во Охрид, од ова време, се издвоjува фрескописот во црквата Свети Врачи Мали, а во 1361 година изградбата и живописот на црквата Света Богородица Захумска. Од шеесеттите и седумдесеттите години на XIV век датира градбата и живописот на црквата Света Богородица Болничка, за коjа се претпоставува дека е основана како женски манастир. Од овоj период се и пештерската црква во близина на селото Пештани, ветена на Богородица, црквата посветена на Свети Димитриjа, коjа се наоѓа во непосредна близина на црквата Богородица Перивлепта (Свети Климент), потоа црквата Свети Константин и Елена и Богородица Челница.

NAGORE