OHRID -
    LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

NAZAD

..
linija.JPG (4258 bytes)

ПОЈАВА НА СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ ИДЕИ

Во текот на Првата светска воjна, а и по неjзиното завршување, во Охрид, се гради наjголемиот стопански обjект- железничката линиjа Кичево-Струга-Охрид. Пругата главно била градена така што режимот работната сила jа користел без пари, т.н. ангариjа. Бесплатната работна сила е присутна долго време на овие простори, а како резултат на тоа се изградени поголем броj патишта, мостови и слично.

Сложените услови на живеење го раздвижува населението и политичките партии. Граѓанските политички партии, како и Комунистичката партиjа засилено работат на привлекување на населението особено во времето на општинските и парламентарните избори во 1920 гопдина. Во Охрид социjалистичките идеи се присутни уште во 1908 година, кога во населбата Варош работел клубот "Сознание", а соодветен клуб работел и во ренонот на Кошишта. Во ширењето на социjалистичките идеи во Охрид предначеле печалбарите: Климе Косарче, Тодор Нинковски, Коста Кордовски, Петар Баче и други.

Основачкиот состанок на организациjата на Комунистичката партиjа во Охрид е одржан кон краjот на декември 1919 година во присуство на троjца делегати од скопската партиска организациjа. При конституирањето на организациjата избрано било и раководство, а за претседател е избран Милутин Н.Анастасиевиќ, додека за секретар Панто Рилковски. Според гласилото на Комунистичката партиjа "Социjалистичка зора" во текот на 1920 година голем броj на граѓани jа прифатиле програмата на Партиjата. Истата година, во средината на месец август, се одржале општинските избори при што во поголем броj градови во Македониjа се создадени т.н. "црвени комуни"- односно градови во кои однесла победа Комунистичката партиjа. Но, во Охрид, општинските избори не се одржани од причини што целиот округ претставувал мошне ризично место, постоjано упаѓале разбоjнички банди кои го вознемирувале населението. Општинските избори се одржани на 26 септември 1920 година. Еден месец потоа започнуваат активностите на политичките партии за парламентарните избори. Во меѓувреме режимот на поранешна Југославиjа соочуваjќи се со организираноста на Комунистичката партиjа во Македониjа започнува хаjка против членовите на партиjата нарекуваjќи ги носители на "бугаризмот". Непосредно пред изборите во Охридскиот округ биле истакнати четири кандидатски листи на Радикалната, Демократската I и Демократската II и Комунистичката партиjа. Во тоа време во Охридскиот округ постоеле повеќе општини. Во рамките на Охридската околиjа општини биле: Велгошти, Опеница, Косел, Мешеишта, Белчишта, Велмеj, Збажди, Дримкол, Лабуништа, Велешта, Драслаjца, Вишни, Вевчани, Радожда и Делогожда. Парламентарните избори за Уставотворното собрание на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се одржале на 28 ноември 1920 година. Од Охридскиот округ народни пратеници за Собранието биле избрани Серафим Крстиќ и д-р Илиjа Шуменкоски од Демократската партиjа и Милутин Анастасиевски-Снегар од Комунистичката партиjа. Под силниот притисок на власта во средината на 1921 година организациjата на Комунистичката партиjа во Охрид престанала организационо да работи.

Неколку години пред почетокот на Втората светска воjна општината Охрид започнува со решавање на урбанистичкиот план на градот и неговата туристичка околина со цел да заштитат броjните културно-историски споменици и да се забрза развоjот на туризмот. Меѓу позначаjните капитални обjекти од тоа време е изградбата на хидроцентралата во селото Рамне. Елаборатот за обjектот го изгработил охриѓанецот Михаjло Манев, електроинжинер. Хидроцентралата чинела 2.300.000 динари, а парите биле обезбедени со државен заем. Официjално граѓаните на Охрид електрична енергиjа во своите домови добиле на 7 jули 1939 година. Пред тоа во Охрид постоела мала термоелектрана и електрана на нафта во сопственост на Јордан Петковски, коjа не можела да ги задоволи потребите на охриѓани.

Во предвоените години значаjна активност бележи Студентската колониjа коjа била формирана на инициjатива на Покраинскиот одбор на македонските народни студенти при Белградскиот универзитет (СР Југославиjа). Главни носители на активностите на колониjата биле Кузман Јосифоски-Питу, Мирче Ацев и Страшо Пинџур, значаjни револуционери во текот на Втората светска воjна. Во текот на три години (1938-1940) се што се одигрувало на политички и културен план било под раководство на Студентската колониjа.

Летото 1940 година во Охрид повторно е формирана организациjа на Комунистичката партиjа. По барање на Мирче Ацев во куќата на Симон Иваноски-Пеливан бил организиран состанок на коj биле повикани Пере Рупе, Димче Каневче, Јаќим Масло, Стефан Каневче и Коле Шафран. За секретар бил избран Пере Рупе.

NAGORE