ОХРИД
ВО ВРЕМЕТО НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Охрид за време на
Втората светска воjна е под бугарска окупациjа. Во
меѓувреме извршени се промени во Покраинскиот
комитет на Комунистичката партиjа на чие чело е
Лазар Колишевски. Според некои податоци тоj во
Охрид доаѓа во октомври 1941 година, кога е
формирана Охридската комунистичка група. Во
месното раководство на партиjата влегле Петар
Пирузев, Јаќим Спиров, Петар Серафимов, Димитар
Бучков и Кирил Главинчев. Покраj тоа бил формиран
воен комитет во состав Петар Пирузев, Андон
Дуков, Кирил Размов, Петар Нанов и Љубен
Чекреџиев.
Во почетокот на ноември 1941 година
доаѓа до голема провала во организациjата на
Комунистичката партиjа во Охрид. Полициjата
наjпрво го уапсила Киро Главинче, а веднаш потоа в
затвор се нашле уште десеттина охридски
комунисти. Врз основа на истражните деjствиjа над
затворените, бугарската власт формирала
обвинителен акт против 15 лица, а биле повикани и 19
сведоци. Судењето е спроведено на 26 и 27 ноември 1941
година во Битола. На смрт со бесење биле осудени
Лазар Колишевски и Петар Пирузев , а со строг
затвор биле осудени Кирил Главинчев , Андон Дуков
и Јаким Спироски . Останатите лица поради немање
доволно докази се ослободени.
Во почетокот на 1942 година Кузман
Јосифоски-Питу престоjува во Охридско-струшкиот
регион. Тоj го посетува и селото Белчишта-
Дебарца, каде е формирана партиска организациjа.
На состанокот присуствувал и Петар
Пирузев-Маjски. Следната година подрачjето на
Дебарца е првата слободна териториjа во
Македониjа. Во 1943 година таму се наоѓа Главниот
штаб на Народно-ослободителната воjска и
Централниот Комитет на Комунистичката партиjа на
Македониjа. Додека во Дебарца започнува да се
чувствува работата на Народноослободителните
одбори, кои се поjавуваат како органи на власт на
слободната териториjа, во Охрид, во 1943 годида,
многу комунисти се осудени или затворени.
Врските меѓу месните комитети се скоро
прекинати. Со цел да се оствари подобро
функционирање, седиштето на Околискиот комитет
на Комунистичката партиjа, пред краjот на 1943
година е префрлено во селото Мешеишта. Во селото
имало подобри услови за работа, а и полесно се
одржувале врските со партиските поверенства од
Дебарца,Струга и Охрид. Во септември 1944 година
формирани се нови обласни комитети на
Комунистичката партиjа. Во охридското село
Лешани е формиран Обласен комитет за Охрид,
Струга, Дебар, Гостивар, Кичево и Тетово. За
секретар е избран Видое Смилески-Бато.
Во редот на настаните што треба да
се споменат е дека на планината Славеj, на 18
август 1943 година, е формирана првата македонска
регуларна воена партизанска единица баталjонот
"Мирче Ацев". Инаку, пред тоа се формираат
неколку партизански одреди, а на 1.11.1943 во селото
Сливото се формира Првата македонско-косовска
бригада.
Главниот штаб на
Народно-ослободителната воjска на Македониjа, во
ноември 1943 година, носи одлука на слободната
териториjа да се отворат училишта, коjа идеjа
треба да jа спроведат народноослободителните
одбори. Во втората половина на ноември отворени
се првите македонски училишта во селата Слатино,
Оздолени, Белчишта, Велмеj, Лешани, Злести и
Издеглавjе. Во тоа време во Дебарца имало само 4
учители. Во еден извештаj од 20.12.1944 година
наведено е дека во тогашната Охридска околиjа
имало 42 училишта со 68 учители.
Големо значење Главниот штаб на
Народноослободителната воjска на Македониjа им
придава на Народноослободителните одбори. До
средината на jули 1944 година во Охридскиот округ
НОО се формирани во сите села. Македониjа во тоа
време е поделена на 12 округа. Во рамките на
Охридскиот округ требало да влезат Охридска,
Струшка и Ресенска околиjа. Но, до формирање на
овоj округ не дошло поради непостоење поволни
услови за работа. Во такви услови формиран е
заеднички Околиски НОО за Охридско-струшкиот
регион. Историските извори говорат дека во
октомври-ноември 1944 година во Охридската околиjа
работеле еден градски, шест општински и 53 селски
Народноослободителни одбори. Претседател на
градскиот НОО на Охрид бил Ставре Филипче.
Партизанските единици Охрид го
ослободителе на 15 октомври 1944 година, но за
кратко бидеjќи под притисок на германските сили,
тие се повлекле. Борбите за ослободување на Охрид
ги воделе единиците на 48.Народноослободителна
дивизиjа и V. бригада од 49.дивизиjа. Другите
единици на 49.НО дивизиjа не успеале навреме да
стигнат во реонот на Охрид, со оглед на тоа што
биле ангажирани во "чистењето" на Битола и
Ресен од неприjателските сили и запоседнување на
македонско-грчката граница. Нападот на Охрид
отпочнал на 7.ноември во 04.45 часот. Во текот на
целиот ден се воделе жестоки борби. Околу 5.30
часот партизанските единици се приближиле кон
источниот дел од градот. Особено тешки борби се
воделе околу касарните. Попладне околу 16.00 часот
единиците од источната страна успеале да
навлезат во градот и отпочнале улични борби, кои
продолжиле во текот на ноќта меѓу 7. и 8.ноември. На
8.ноември германските сили се потиснати- Охрид е
ослободен.
* *
*
Во повоениот период Охрид
прераснува во значаен индустриско-туристички
центар. Од индустриските капацитети наjголемиот
дел отпаѓаат на лесната индустриjа, што
овозможува да се зачува човековата околина.
Покраj тоа паралелно се развива туризмот. Се
градат современи хотелски обjекти, авто кампови и
одморалишта на поголем броj фирми. Во златниот
период (1975 -1988) Охрид станува вистинска
"Мека" на туризмот, не само во Македониjа,
туку и во пошироките Балкански простори. Со
атрактивните фестивали и другите манифестации (
Охридско лето, Балканскиот фестивал на народни
песни и игри, Семинарот за македонски jазик,
литература и култура, Струшките вечери на
поезиjата, Охридскиот пливачки маратон ) Охрид
станува духовен центар во коj се обединуваат и
разменуваат различните култури, традиции и
обичаи од сите меридиjани од светот.