|
Градска библиотека
"Григор Прличев"-Охрид Коста
Абраш 22
Тел ++389 96 262 064
Корените на библиотечната деjност во Охрид
треба да се бараат уште во времето на Охридската
книжевна школа што jа формирал Свети Климент
Охридски. Како што е познато тоj за време на своjот
живот и работа во Охрид напишал и превел многу
дела. Се споменува броjка на 50-тина обнародени
книги.
Во скоро сите цркви и манастири постоел
библиотечен фонд. Така академикот Цветан
Грозданов проучуваjќи jа црквата Света
Богородица Перивлепта (Свети Климент) ќе спомене
дека во рамките на комплексот постоела голема
библиотека.
Поетот Григор Прличев на едно место во
своjата "Автобиографиjа" го споменува
охриѓанецот Ангел Групчев, коj во своjот дуќан
(околу 1830 година) отворил читалиште. Прличев за
него ќе напише дека е "наjучениот тогашен
маж".
Во 1885 година друштвото "Свети Климент"
формирало своjа библиотека за просветување на
граѓаните.
Посистематска работа на полето на
библиотекарството е забележана од 1912 до 1915
година кога постоела народна библиотека со
читална, коjа подоцна прераснала во Градска
библиотека. Таа работела и во времето на Втората
светска воjна.
Веднаш по завршувањето на воjната (1945 година)
Поверенството за просвета, наука и култура при
Градскиот народен одбор во Охрид формира
библиотека, коjа прво работела во негов состав, а
од 1950 година почнала да деjствува како посебна
културна институциjа.
Денес Градската библиотека "Григор
Прличев" своjата деjност jа обавува со посебни
служби:
- општ оддел
- оддел за
библиографско-информативна и позаjмна деjност
(оддел за возрасни со читална и оддел за деца)
- оддел за организациjа и изработка на
каталози и библиографии
-оддел за матична и
културно-образовна деjност и служба за одржување
на книжниот фонд.
Библиотеката располага со книжен фонд од
околу 100.000 книги.
Секоjа година во чест на своjот патрон -
великиот охридски поет Григор Прличев на 5 и 6
февруари градската библиотека jа организира
манифестациjата "Прличеви беседи"
Завод за заштита на спомениците на
културата и Народен музеj
Боро Шаин 10
Тел ++389 96 262 498
Факс ++389 96 22 318
Векови наназад Охрид привлекувал голем броj
учени луѓе. Тоа се должи на неговото исклучително
историско и културно значење. Но, Охрид бил
подложен и на освоjувачките планови на низа
воjсководци. Голем дел од движното материjално
благо во освоjувачките походи засекогаш е
однесено од Охрид и денес се наоѓа во музеите,
архивите, библиотеките или во приватните
колекции во многу земjи.
Поради тоа по завршувањето на Втората
светска воjна веднаш е пристапено кон прибирање
на музеjските материjали, така што, на 1 маj 1951
година биле отворени вратите на Народниот музеj
во Охрид. Музеjот имал археолошко, етнолошко и
историско одделение, а нешто подоцна е формирана
стручна библиотека и препараторска работилница.
Во 1953 година во составот на Народниот музеj
влегла и Уметничката галериjа. Архивот на Охрид,
во прво време, исто така , работел во составот на
музеjот, но во 1954 година се одделува како посебна
институциjа
Благодареjќи на ангажманот на вработените
извршени се броjни истражувања на регистра-ните
400-ни археолошки локалитети во рамките на
тогашната Охридска околиjа.
Во 1962 година поради потребата да се формира
посебна институциjа коjа ќе се грижи за заштита и
одржување на недвижните споменици на културата
формиран е Општинскиот завод за заштита на
спомениците на културата. Во 1973 година заради
взаемната поврзаност на двете институции
извршена е интеграциjа и е формирана една
установа - Завод за заштита на спомениците на
културата и Народен Музеj.
Во понатамошниот период на работа
институциjата целосно ги реконструира куќата на
Робевци каде е сместена археолошка поставка,
фонд на предмети од семеjството Робевци и дела од
охридската резбарска школа ; куќата на Христо
Узунов во коjа се наоѓа историското одделение и
каде е поместена изложба "
Национално-ослободителното движење во Охрид и
Охридско " ; куќата на Ураниjа во коjа се наоѓа
Етнолошкото одделение и просторот за ликовни
изложби; во старата зграда на училиштето
"Климент Охридски" е сместена постоjаната
постановка "Словенска писменост" и во
поранешната спортска сала на училиштето
(наспроти црквата Света Богородица Перивлепта) е
отворена Галериjата на икони.
Заводот за
заштита на спомениците на културата и Народен
музеj располага со мошне значаен фонд на икони и
уметнички слики. Во депоата има околу 800 икони
создадени од XII до XIX век, а од нив
наjрепрезентативните се поместени во Галериjата
на икони. Фондот на уметнички слики " Моша
Пиjаде" брои околу 380 дела создадени од
наjзначаjните ликовни уметници од Македониjа и
поранешните jугословенски простори.
Заводот во рамките на своjата организациона
постевеност има повеќе одделениjа: археолошко,
историско, етнолошко, славистичко ,
архитектонско, историjа на уметност, современа
уметност, а има и сопствена библиотека и фото и
препараторска лабораториjа.
Дом на култура "Григор
Прличев"
Македонски просветители 4
Тел/Факс ++389 96 261 063
Домот на културата "Григор
Прличев" е изграден 1959 година и располага со
површина од 2.500 м2 од кои на сценскиот простор
отпаѓаат 412 м2. Има две сали со 800 седишта. Опремен
е со светлосен парк и озвучување. Располага и со
два изложбени салони со околу 750 м2.
Оваа културна институциjа во текот на
годината остварува обемна програма коjа ги
задоволува интересите и потребите на граѓаните
од Охрид. Понудата на уметничките содржини е од
областа на музичката и ликовната култура,
литературата, филмот, фолклорот и драмската
уметност.
Домот на културата "Григор Прличев" како
матична деjност го има "Охридскиот театар",
коj мошне успешно делува последниве десетина
години. Во наjскоро време можно е да прерасне во
професионален театар, бидеjќи вработени се троjца
професионални актери, редовни гости се уште
троjца дипломирани актери, професионален режисер
од Велика Британиjа и извршен сценограф од
Бугариjа.
Формирано е детско драмско студио кое во
моментов брои околу 100 членови од шест до
дванаесет годишна возраст, водени од
професионален актер.
Секторот -кино работи перманентно во текот на
годината и просечно се прикажуваат околу 60
филмови.
Во Домот на културата активен е ликовниот
живот. Континуирано во двата простори за оваа
намена, годишно, се организираат над 30-тина
изложби. Се презентираат уметници кои делуваат
на полето на сликарството, скулптурата, цртежот,
графиката, уметничката фотографиjа,
инсталациjата, карикатурата и дизаjнот.
Манифестациjата во чест на Охридскиот поет
Григор Прличев, Домот на културата jа организира
од 1954 година. Прличев е еден од наjголемите
литерарни автори од времето на Преродбата.
Заедно со Книгоиздателството "Детска
радост" од Скопjе, секоjа година, се распишува
конкурс за наjдобра поема за наградата "Григор
Прличев". Беседите се одржуваат секоjа година
на 5 и 6 февруари.
Oд самодеjностите треба да се спомене дека
постои ансамбл за народни песни и игри
"Бисери", коj, преку неколку генерациски
постави, го презентира македонскиот фолклор и
песна. Во Домот работи и Оркестар на народни
инструменти.
Архив на Македониjа П.О. Охрид
Никола Карев 6
Тел / Факс ++389 96 32 104
Градскиот народен одбор од Охрид
на 29 март 1951 донесол решение со кое е формиран
Градски архив со задача да jа прибира, заштитува и
научно обработува архивската граѓа од подрачjето
на општината Охрид и тогашната Охридска околиjа.
Градскиот архив со работа започнал на 1 април
1951 година во просториите на Градскиот народен
одбор со едно вработено лице. Вака формираниот
архив работел сосема кратко, така што од 1 маj 1951
до 1 септември 1955 година е во составот на
Народниот музеj- Охрид. Потоа се одвоjува како
самостоjна институциjа со надлежност на работа на
подрачjето на општините Охрид, Струга, Ресен,
Кичево и Дебар ( и Македонски брод до 1965 година).
Во 1990 година Историскиот архив е
трансформиран во Подрачно одделение на
единствената организациjа Архив на Македониjа,
без промена на териториjалната надлежност.
Основната деjност на Архивот е истражување,
прибирање, обработка на архивската граѓа,
заштита, користење, публикување и презентирање
пред пошироката jавност.
Архивската деjност се ивршува преку следните
сектори:
- сектор за инспекциски надзор и
заштита на архивската граѓа каj имателите;
- сектор за средување и обработка на
граѓата;
- сектор за заштита и евиденциjа на
граѓата во самата институциjа;
- сектор за истражувања, публикување,
информации и користење на архивската граѓа.
Истражувањата во странските
држави го врши Архивот на Македониjа, а договори
за соработка со соодветни архивски служби се
потпишани со Турциjа, Бугариjа, Унгариjа, Руската
федерациjа, Словениjа, Хрватска, Албаниjа, со
Истражувачкиот институт при Мемориjалниот
центар на холокаустот од Вашингтон - САД, Италиjа
и други земjи.
Во депоата на Архивот во Охрид се чува
архивска граѓа од вкупно 675 фондови. Архивската
граѓа од постариот период од 1500 до 1941 година е
пишувана на македонски, турски, грчки, француски
и српски jазик. Поголемиот дел од архивската
граѓа што се чува во Архивот во Охрид се однесува
на периодот од 1944 до денес.
|