OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..
Според кажувањата првите масовни натпреварувања во пливање на Охридското Езеро се одржале во 1924 година. Слични манифестации се одржани во 1927 и 1928 година, а забележано е дека во 1932 година е формирано и првото друштво за спортови на вода - Plivachki maratonПливачко - веслачкиот клуб "Охрид". Од тие времиња како најдобри пливачи се споменуваат Славе Битрак, Дио Богдан, Ламбе Бидо, Борис Филипче, Виктор Боев, Стефан Момир и други.

Во повоениот период првата маратонска трка на релацијата "Горица - Охрид" (во должина од 2,5 км) е одржана во 1954 година и на неа учество зеле 8 пливачи. Победил Нико Нестор. Следните трки се одржани во 1956 и 1977 година, на кој победници се Дики Бојаџи, односно Ѓоко Чудов. На два споменати маратони се натпреваруваат и жени. Победуваат Снеже Групчева, односно Соња Думбалоска. По ова доаѓа до прекин на организирањето на оваа пливачка манифестација.

Првата вистинска маратонска трка од селото Пештани - Струга - Охрид ( во должина од 36 километри) е одржана во 1962 година. На манифестацијата учествуваат 22 пливачи од 12 земји. Следната година поради катастрофалниот земјотрес во Скопје маратонот не е одржан. Во годините што следат (1964,1965,1966) на охридскиот маратон учествуваат по дваесеттина пливачи. По ова доаѓа до прекин во одржувањето на пливачкиот маратон.

Треба да се спомене дека без оглед на прекинот во организирањето на двата маратони во Охрид духот за совладување на водите не престанува. Нико Нестор, Дики Бојаџи, Ристо Бимбилоски, Јонче Настески, а од жените Атина Бојаџи и многу други постигнуваат завидни резултати и на познатите светски маратони каков што е маратонот "Капри" во Неапол-Италија.

Во 1983 година возобновен е "малиот" маратон од Горица до Охрид и тој се одржува и денес.

Во 1992 година по иницијатива на спортската ревија "Скок" возобновен е охридскиот пливачки маратон. Секоја година во втората половина на август во Охрид се собира елитата на пливањето од целиот свет и крајбрежно од манастирот Свети Наум се плива до целта на градското пристаниште во Охрид во должина од околу 30-тина километри.

Од 1998 година Охридскиот пливачки маратон е влезен во Светскиот пливачки клуб од 12 маратони кои се одржуваат ширум светот и се под покровителство на FINA-Светската пливачка асоцијација.