Радио Охрид
- Свети Климент Охридски 2
- Тел ++389 96 265 505,262 475
- Факс ++389 96 261 478
- Фреквенции : FM 89.0 MHz и 98.8 MHz, Средна
бранова должина 131.4 метри
- real audio вести www.soros.org.mk/radioohrid
Пред 40 години, во 1957 година, на
инициjатива на Собранието на оштината Охрид е
формирано Радио Охрид. Наjпрво работи во рамките
на Работничкиот Универзитет, а потоа во Домот на
културата.
На 3 април 1969 година Општинската
конференциjа на Социjалистичкиот соjуз, како
основач, носи одлука Радио Охрид да работи како
посебна институциjа за информирање.
Денес, Радио Охрид емитува 24
часовна програма, од коjа, дневно, 15 часа се од
сопствена продукциjа. Централно информативната
емисиjа "Дневник" е во 16.30 часот. Флеш вести
се емитуваат секоj час. Сигналот на Радио Охрид ги
покрива општините Охрид, Струга, Ресен и дел од
Република Албаниjа.
Оваа информативна куќа има
развиено висока соработка со Македонското радио,
Deutsche Welle и Светскиот сервис на BBC. Секоj ден во 15.00
часот е програмата на Македонски jазик на Радио
Deutsche Welle , а од понеделник до петок во 8.30,11.00,17.30 и
20.00 часот се емитуваат вестите на Македонски
jазик на BBC. Магазинските емисии на истиот сервис
"Зад насловите" се емитува во понеделник во
19.00 часот , а "Европската панорама" во среда
во 21.00 часот.
Супер Радио
- Македонски просветители б.б.
- Тел ++389 96 263 011, 260 353
- Факс ++389 96 260 078
- Фреквенциjа : FM 106.9 MHz
Супер Радио емитува програма од
1992 година и е едно од трите, први комерциjални
радио станици во Македониjа. Емитува 24 часа
стерео програма од контактен , музичко-забавен и
информативен карактер. Првенствено на
македонски jазик, а одделни емисии и на Влашки
jазик. Во летната сезона (jуни-jули-август) емисии
на англиски, германски, француски и холандски
jазик. Централно информативна емисиjа е "16-16".
Броjот на потенциjалните слушатели е до 200.000 на
поширокиот регион околу Охридското Езеро, со
центрите Охрид, Струга и Поградец- Албаниjа.
Неговата "идеална публика" е младата и
средната популациjа. Располага со студиска
техника од солидни професионални стандарди, 500 w
трансмитер, моќен антенски систем...
Експрес Радио
- Кузман Шапкарев 9
- Тел/факс ++389 96 30 244
- Фрекфенциjа: FM 103.6 MHz
"Експрес Радио" е
комерциjална радио станица коjа секоjдевно
емитува програма од 09.00 до 02.00 часот по полноќ.
Радиото е ориентирано да ги следи збиднувањата
во спортот од Охридско-струшкиот регион. Се
емитуваат и сервисни информации наменети пред се
за туристите кои престоjуваат во Охрид.
Радиото jа негува македонската
народна и забавна музика.
МХ Студио
- Трговски центар "Охриѓанка"
- Тел/Факс ++389 96 262101
- Фрекфенциjа: FM 101.10 MHz
Комерциjалната радио станица
"МХ Студио" своjата работа jа започна на 25
декември 1997 година. Емитува програма секоj ден во
времето од 09.00 часот до 00.00 часот. На програмите на
оваа радио станица доминираат
забавно-рекреативните содржини. Повремено се
емитуваат и информативни содржини кои ги
покриваат општините Охрид и Струга.
ТВМ -Телевизиjа
- Петар Чауле 26
- Тел ++389 96 260080
- Факс ++389 96 260110
- Фреквенциjа 28 канал UHV
Комерциjалната телевизиjа
"ТВМ" своjата програма jа започна на 26 jануари
1992 година. Програмата jа емитува од 16.00 часот до
01.00 часот. Доминираат содржините од
забавно-рекреативен и информативен карактер.
ТВМ секоjдневно во 16.00 часот
емитува "Вести", а пошироката информативна
емисиjа "Дневник" е во терминот од 19.00 часот.
Независна Телевизиjа Охрид
(НТВ) - Охрид
- Даме Груев К/5 б.б.
- Тел/Факс ++389 96 262 263
- Фрекфенциjа 32 канал UHV
НТВ - Охрид е основана во 1996
година. Сега покрива 80 % од териториjата на Охрид,
а наскоро е планирано инсталирање на столб што ќе
обезбеди гледаност на подрачjето на целата
Општина.
Дневно продуцира 13 часа
сопствена програма со тенденциjа да се зголемува
информативната програма. Емисиите што се
подготвуваат се од сферата на политичкиот живот,
економиjата, спортот, а не се заборавени и
забавно-рекреативните содржини.
|