OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

.
ХИДРОБИОЛОШКИ ИНСТИТУТ - ОХРИД
Наум Охридски 50
Тел /факс: ++ 389 96 262 810

hidrobioloski.jpg (19791 bytes)Градот Охрид во 1935 година ја добива првата научна установа - Хидробиолошкиот институт, чија главна цел е истражување на квалитетот и живиот свет во слатките води, посебно на Охридското Езеро. Тоа воедно е прва научна установа од овој вид на Балканскиот Полуостров. Иницијативата ја дал долгогодишниот истражувач и секако тогашен најдобар познавач на Охридското Езеро, истакнатиот југословенски еколог и лимнолог од светски глас - академик проф. д-р Синиша Станковиќ.

Првиот пишуван документ за Охридското Езеро датира од средината на минатиот век. Првите пак значајни откритија и научни истражувања се спроведени на почетокот од последната деценија на минатиот век. Угледните зоолози од Универзитетот од Виена (F.Steindachner и K.Sturany ) откриле во Охридското Езеро извесен број ендемични видови риби и полжави. Загребскиот зоолог Спиридон Брусина пред светската јавност го истакнал значењето на тие откритија , по што следуваат прочувања на Езерото од најразлични научни дисциплини.

Јован Цвијиќ кон крајот на минатиот век извршил серија основни геоморфолошки, геолошки и лимнолошки истражувања, врз чии темели и денес се засноваат познавањата за Езерото, неговата котлина, нејзиниот состав и потекло.

Во првата деценија од овој век повеќе се вршени проучувања на флората и фауната во Езерото. Во текот на Првата светска војна германските зоолози F.Goebel, F.Kosmat i E.Nowack вршеле опсежни геолошки и геоморфолошки истражувања во охридската област и во делови од Албанија. Во периодот меѓу двете светски војни се вршени обемни истражувања и биогеографски анализи на живиот свет во Охридското Езеро.

За време на Втората светска војна во Хидробиолошкиот институт работел само еден асистент. Процутот оваа научна установа го доживува по војната и сега е организирана по угледот на низа слични институции од светот.

Основачот на Хидробиолошкиот завод Синиша Станковиќ во 1960 година има извршено повторна синтеза на сите дотогашни истражувања во своето капитално дело "The Balkan Lake Ohrid and Its Liwing World" издадена во Den Haag во светски познатата едиција Monographie Biologicae.

Хидробиолошкиот институт од своето основање во 1935 година врши порибување на Охридското Езеро со вештачки одгледани личинки и подмладок од охридската пастрмка и европската јагула.

Како резултат од истражувањата на Охридското Езеро се објавени над 600 научни трудови. Денеска оваа институција располага со повеќе истражувачки оддели и тоа: истражување на физичко-хемиските особености на водите, акватична микробиологија, фитопланктолошки и зоопланктолошки истражувања, макрофитската вегетација, бентална фауна (животните кои живеат по дното) и краповидни риби, болести на риби и практично рибарство со мрестилиште.

Хидробиолошкиот институт е јавна научна установа отворена за соработка со сите сродни институции, организации и поединци кои се занимаваат со проучување на слатките води и нивната заштита.

 

ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ

Кеј Маршал Тито 95
Тел ++389 96 22 147, 22 215
Факс ++389 96 24 215

На 27 декември 1985 година Советот на факултетот за туризам и угостителство, со цел поефикасно да ја одвива научно-истражувачката работа, го формира Институтот за истражување на туризмот. Институтот е посебна работна едниница која е отворена за научно разрешување на проблемите што се јавуваат во областа на туризмот во Република Македонија.

turizam.jpg (29215 bytes)Работата на Институтот е содржана низ активностите за: - утврдување на проблемите кои произлегуваат од односите во сферата на туристичката активност; - организирање на стручни расправи, собири и симпозиуми за одредени прашања од научните дисциплини кои го третираат прашањето на туризмот; - јавна презентација на резултатите од истражувањата; - објавување на научно-стручни трудови и научни резултати од областа на туризмот и угостителството.

Во организација на Институтот за истражување на туризмот досега се организирани повеќе симпозиуми со меѓународно учество на тема : - Вонпансионската потрошувачка во хотелиерството; - Здравствениот туризам во Македноија; - Можности и перспективи за развој на туризмот во Македонија ; - Културата и туристичката понуда; - Туристичката пропаганда - услов за развој на туризмот; - Еколошките и социопсихолошките аспекти на туризмот и други.

Институтот досега има објавено повеќе монографски изданија , а има учествувано во објавувањето на над 30-тина учебници и наставни помагала.

Во рамките на истражувачките активности Институтот има реализирано повеќе проекти меѓу кои : "Состојби и организациона поставеност на туристичката пропаганда во Република Македонија"; " Еколошки и социопсихолошки аспекти на туризмот" и "Услови и перспективи за развој на туризмот во Македонија ".

 

 

NAGORE