OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..
linija.JPG (4258 bytes)

ОСНОВНИ ГЕОГРАФСКО-ХИДРОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Охридското Езеро, со својата старост помеѓу 4 и 10 милиони години, претставува најстаро езеро во Европа и воедно едно од најстарите во светот. Тоа е типично олиготрофно езеро, односно сиромашно со хранливи материи. По потекло е тектонско и му припаѓа на таканаречените дасаретски езера (наречено според името на областа Дасаретија во античкиот период). Тоа е настанато во терциерниот период пред глацијацијата.

ohslika1.JPG (8939 bytes)Инаку, најголемиот дел на езерата во светот се појавени непосредно по последниот глацијален период. Езерата кои настанале порано се многу ретки. Познати примери се Бајкалското, Каспиското, езерото Тангањика, на кои може да им се додадат уште неколку езера на Целебес, Филипините и Кина.

Испитувањата на живиот свет во Охридското Езеро покажуваат присуство на исклучителна флора и фауна, богата со ендемични и реликтни претставници, поради што ова езеро мора да се смета како единствено во Европа, при што може да се споредува единствено со Бајкалското и Каспиското Езеро.

Се наоѓа во Охридско-струшката котлина, на македонско - албанската граница, поточно на 41 степен северна географска ширина и меѓу 20 и 21 степен од источната должина. Лежи на надморска височина од 695 метри и зафаќа површина од 385.2 км2, од кои околу две третини и припаѓаат на Република Македонија и една третина на Република Албанија. Крајбрежната линија е долга 87.5 км, максималната должина е 30.8 км, а максималната широчина 14.8 км. Средната длабочина е 164 м, додека максималната е 289 м. Езерото се граничи со масивите на Мокра Планина (1589 м.) и Јабланица (1945 м) на албанската страна и со варовничкиот гребен на Галичица (2255 м.) на источната страна. Околните планини се изразито карсни.

Според длабочината е на седмо место меѓу езерата во Европа.

hidro1.JPG (11489 bytes)Охридското Езеро се прихранува претежно со изворска вода од бројните површински и подводни извори. По тој однос, одделни истражувачи го сметаат како единствено во светот. Најголемиот дел од површинските извори се наоѓаат на јужниот брег од Езерото кај манастирот Свети Наум на македонска страна, во околината на селата Тушемиште и Старово и градот Поградец во Албанија. Во Езерото се вливаат околу 40-тина реки и потоци ( 23 на албанска територија и 17 на македонската територија ). Најголемиот дел од нив во текот на летниот период пресушуваат, додека реките Сатеска, Коселска и Чорава се единствените водотеци со значаен протек што се влеваат во Езерото.

Уште на почетокот на веков Ј.Цвијиќ ја има изнесено претпоставката дека водата од соседното Преспанско Езеро, чие ниво е повисоко за 158 м., понира низ карсните подрачја на Галичица и Сува Гора. Во 1980 година , со помош на природните изотопи, е докажана хидрографската врска меѓу Преспанското и Охридското Езеро. Според резултатите е потврдено дека над 50 насто од водите на изворите кај Свети Наум потекнуваат од Преспанското Езеро.

Регионот на Охридското Езеро се одликува со локално-континентална клима. Средногодишната просечна температура е 11.4 степени целзиусови со максимални средномесечни температури во јули и август од 21.2 степени целзиусови и 34.4 степени целзиусови, како апсолутен максимум во август. Најниската средномесечна температура од 1.5 степени целзиусови е за месец јануари, а - 17.2 степени целзиусови е апсолутниот минимум. Просечните врнежи во околината на Езерото изнесуваат приближно 759 мм годишно.

Најчест ветер е од северен правец, посебно во есен и зима. Во пролет и лето доминираат ветровите од јужен и југозападен правец. Ветровите од југоисточен и источен правец се незначителни. Честината на ветровите и мирните периоди се менуваат во текот на денот, посебно во летниот период. Утрата се карактеризираат со доминација на северните ветрови и тишините. Состојбата целосно се менува попладне, кога ветровите од југ и југо-исток ја потиснуваат тишината. Просечната брзина на ветрот во регионот на Охрид е релативно ниска и изнесува 3.4 м/сек.

Температурата во најдлабоките слоеви од Охридското Езеро изнесува околу 6 степени целзиусови , површинските слоеви вода можат да се затоплат до 24 степени , додека во близината на брегот и до 26 степени целзиусови.
 

NAGORE