| Во Охрид постојат
три конфесионални заедници : христијанска
православна, христијанска католичка и
муслиманска. ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА
ЕПАРХИЈА
Димче Маленко бб Тел ++389 96 22 805 Факс ++389 96 263 346
Најголемиот дел од жителите на
Охрид се припадници на христијанската
(православна) верска заедница во лицето на
Македонската православна црква. На поширокиот
регион на Охрид, Струга, Кичево, Дебар и
Македонски Брод делува Дебарско-кичевската
епархија. Денешното име на епархијата потекнува
од XVII век, а нејзиното првобитно име
(Дремвицко-величка епархија) е поврзано со
основоположникот на словенската црква Свети
Климент Охридски (крајот на IX и почетокот на X
век). Низ историјата името често пати е менувано,
на најмногу се именувала како Величка епархија.
Со тоа име е возобновена на денот на
прогласувањето на автокефалноста на
Македонската православна црква на 16 и 17 јули 1967
година.
На
Црковно-народниот собор одржан на 7 октомври 1968
година е преименувана во Дебарско-кичевска
епархија. Нејзин прв архиереј е Митрополитот
Методиј (1967-1976 година). Втор е избран Митрополитот
Ангелариј (1977-1981 година), кој од оваа епархија е
избран за поглавар на Македонската православна
црква. Сегашен (трет ) Митрополит е Тимотеј,
избран 1981 година.
Во Дебарско-кичевската епархија
има пет архиерејски намесништва: Охридско,
Струшко, Кичевско, Дебарско и М.Бродско. Во нив
има 35 парохии во кои активно служат 30 свештеници.
Во Охридското архиерејско
намесништво има 16 парохии и служат 14 свештеници.
Во самиот град има 8 парохии. Иако во градот има
многу цркви, од нив четири се парохиски: "Света
Богородица Перивлепта" ("Свети Климент"-
соборна црква ), "Свети Никола- Геракомија",
" Света Богородица -Каменско", " Свети
Ѓорѓи" и " Света Троица".
Во Дебарско-кичевската епархија
има поголем број манастири, а монашки живот има
во четири од нив. Два од нив се машки манастири
(" Свети Наум " и " Свети Јован
Бигорски"), додека во манастирите " Света
Богородица-Пречиста" кај Кичево и "Света
Петка" кај Охрид живеат монахињи.
Покрај големите православни
христијански празници ( Божик, Велигден,
Богојавление), во Охрид најсвечено е за време на
храмовите и манастирските слави, наречени
црковно-народни панаѓури. Величенствени се
глетките за славите на Свети Климент Охридски ( 8
и 9 август ), Свети Наум Охридски ( 2 и 3 јули ), Свети
Стефан ( 14 и 15 август), Света Петка (7 и 8 август),
Свети Еразмо (14 и 15 јуни), на Богородичните
празници (посебно на 20 и 21 септември) во
манастирот Света Богородица Пречиста кај Кичево
и на 10 и 11 септември на смртта на Свети Јован
Крстител во манастирот Свети Јован Бигорски кај
Дебар.
Исламска заедница
- Гоце Делчев 12
- Тел ++389 96 22 994
Исламската (муслиманска) верска
заедница е организирана преку муфтиството во
Охрид. Тоа е едно од 13-те колку што ги има во
Македонија. Во градот има 10 џамии и поголемиот
дел од нив се активни, што значи се употребуваат
за вероисповест на жителите од исламската
заедница. Во посед на оваа заедница е едно теќе
кое и припаѓа на сектата " хелвети тарикат ",
која оди по одвоен самостоен пат во исламот и
поголем број на турбе, односно гробишта каде се
погребани основачите на овој ред. Во Охрид се
зачувани и два амами (бањи).
Главни празници на припадниците
на исламската верска зедница се Бајрам, кога се
одбележува растоварувањето од направените
гревови, Рамазан ( пост од еден месец), Курбан
Бајрам кога се принесува жртва на господа,
Мевлуд-роденденот на Мухамед и Хиџра, кога се
одбележува почетокот на Нова година според
исламскиот календар.
Католичка заедница
Католичката црква на
територијата на Македонија има една епархија -
Скопска епархија. Верниците од Охрид се
организирани во филијала која е во состав на
Битолската парохија. Моментално оваа заедница
нема црковен објект. Во тек е изградбата на
црквата "Свети Кирил и Методиј", која се
очекува да биде завршена во текот на 1999 година.
|