OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..seminar.JPG (9101 bytes)
Kiril i MetodijИстакната манифестација- Семинарот за македонски јазик, литература и култура , која секоја година, во текот на август, се одржува во Охрид, со над три децениското континуирано егзистирање, стана познат славистички пункт, респектиран во научната јавност ширум светот.

Почетоците на Семинарот, кој е во организација на Универзитетот " Свети Кирил и Методиј" од Скопје, се поврзани со 1968 година, кога тој ја започнува својата мисија за изучување и ширење на македонистиката. На првиот семинар имаше само 21 учесник од 12 странски земји. Во понатамошниот период интересот за учество на оваа манифестација постојано расте. Така, 1978 година кога се одбележуваше една деценија од неговото одржување учествуваа 124 слависти од 25 странски земји.

Предавањата што се одржуваат се од областа на македонската лингвистика, филологија, историја на литературата, етнологијата, фолкорот, музиката, сликарството, театарот, а ги одржуваат еминетни познавачи од односните области.

staro slovenskiСодржините на Семинарот се надополнуваат и со разговори со членови на писателската асоцијација, промоција на најнови изданија, присуство на филмски проекции, театарски претстави, посета на фествали и слично со што им се овозможува на учесниците поширока и поразновидна комуникација со македонскиот јазик.

Приемот на учесниците на Семинарот за македонски јазик, литература и култура се одвива врз основа на меѓудржавните и универзитетските конвенции за соработка на Република Македонија и Универзитетот " Свети Кирил и Матодиј " од Скопје со странските земји и нивните матични универзитети.

Учесниците на Семинарот имаат можност македонскиот јазик да продолжат да го изучуваат во своите земји бидејќи во над 20-тина земји во светот постојат лекторати и катедри каде се предава овој јазик и литература.