OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..
Леарница, МГ
15 Корпус 89
Тел ++389 96 34 640
Факс ++389 96 32 520

МГ Леарница е компанија за леење на делови од Al и Zn легури под висок притисок во согласност со интересот на купувачите. Производите наоѓаат примена во автомобилската индустрија, електро и машинската индустрија, за уреди во домаќинството и во дрвната индустрија. Станува збор за полупроизводи кои понатаму се употребуваат за производство на финални производи.

Езерка, А.Д.

15 Корпус 21
Тел ++389 96 31 128
Факс ++389 96 31 174

Производствената програма на оваа фирма опфаќа: болничка опрема, магацински сталажи, монтажни регали, опрема за продажни простории , метална галантерија и училишна опрема.

Езерка долги години наназад изработува производи од украсна и употребна керамика, обоени метали и сите видови на расветни тела.

ЕМО

П.Ф. 118
Тел. ++389 96 34 944
Факс ++389 96 22 714
e - mail: emo@mpt.com.mk

Емо Охрид е водечка компанија за електроиндустрија и инженеринг во Македонија, специјализирана за проектирање, производство и монтажа на електроопрема и изградба на електроенергетски и индустриски објекти по системот " клуч на рака ".

 

Застава АГП, ДОО

15-ти Корпус 89
Тел ++389 96 33640
Факс ++389 96 35 847
www.zastava-agp.com.mk.

Основна дејност на ДОО "Застава АГП" е производство на автогалантерија и делови од пластика за моторни возила. Меѓу главните производи ( се споменуваат над 15-тина ) на оваа фирма кои наоѓаат примена во автомобилската инустрија се бравите и механизмите за заклучување, механизмите за подигнување на стакла, различни врсти на огледала и ретровизори, маски за ладилници и слично.

 

Отекс, А.Д.

7-ми Ноември 181
Тел ++389 96 33 520
Факс ++389 96 34 448
e-mail: otex@lotus.mpt.com.mk

Холдинг компанијата " Отекс " постои веќе 50 години и една од најафирмираните текстилни фирми во Македонија. Произведува машки кошули, женска лесна конфекција, полутешка конфекција, детска конфекција, кебиња, произведува волница за рачно и индустриско работење и вештачко крзно.

 

Слобода, А.Д.

Стив Наумов 116
Тел ++389 96 31 863
Факс ++389 96 35 189

Главна програма на фабриката Слобода е електро-метално производство и промет. Меѓу позначајните производи се еластичната ограда за патишта, жичаните производи , разни производи од лим, метални сталажи, а врши и услужни дејности.

 

Градинар

7-ми Ноември бб
Тел ++389 96 24 610
Факс ++389 96 24 612

Градинар е претпријатие за производство, промем и услуги во земјоделието. Се произведуваат јаболка, праски; од градинарските култури застапени се корнишоните, фефероните, цвеклото и компирот. Градинар има и своја фабрика за конзервирање на овошје и зеленчук.



Алатница, ДОО

15-ти Корпус 1
Тел ++389 96 34 724
Факс ++389 96 34 471

ДОО Алатница од Охрид е претпријатие кое има заокружена техничко-технолошка целина за производство на специјални алати. Се произведуваат специјални алати за пластична обработка на лимови, алати за леење под притисок на обоени метали, за бризгање на пластика, обработка на гума, изработка на помошни уреди и направи, а нуди и одржување на различна опрема.

 

Илинден

Кленоец 2
Тел/Факс ++389 96 23 915

Илинден е чевларско претпријатие кое во рамките на својата производствена програма изработува горни и долни делови за обувки.

 

Лихнида

7-ми Ноември 183
Тел ++389 96 32 212
Факс ++389 96 31 088

Лихнида изработува пластична амбалажа, производи кои се употребуваат во домаќинството, пластични делови за технички производи во индустријата за фрижидери, електро и автомобилската индустрија, како и најразновидни производи за спорт и рекреација.

 

Братство

7-ми Ноември 179
Тел ++389 96 33 244
Факс ++389 96 32 684

Братство е фабрика која произведува прибор за јадење, садови за јадење во домаќинството и угостителството и термо садови изработени од челик кој не кородира.

 

Видеоинженеринг - ВИО

15-ти Корпус 128
Тел ++389 96 32 895
Факс ++389 96 32 488

Видеоинженеринг припаѓа на фабриките од областа на електрониката. Произведува CCTV системи ( монитори и камери, командни единици, видео селектори), аудио техника, телекомуникациска техника, производи за широка потрошувачка , а виши и лон систем на производство.

 

Охридска пастрмка, рибарско стопанство

Петар Чауле бб
Тел ++389 96 23 200
Факс ++389 96 25 724

     Риболовот е основна дејност на оваа фирма. Просечно годишно се ловат околу 50 тони пастрмка, 8 до 10 тони белвица, 30 тони плашица и околу 10 тони од останатите риби (крап, клен, јагула) кои ги има во Охридското Езеро.Покрај тоа организацијата располага со два рибни ресторани, едниот во Охрид и другиот во селото Пештани. 

  

 

NAGORE