OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

 

 

..
Хотел " Палас "

Тел ++389 96 260 440, 266 230
Факс ++389 96 35 460

palas.JPG (20892 bytes)Хотелот е од висока "Б"категорија и се наоѓа во самиот град. Располага со 124 двокреветни соби и 4 апартмани. Околу 100 соби се со тераса и поглед кон езеро. Хотелот има два ресторани, четири салони на катовите, простор за дневен престој, аперитив бар, конгресна сала за 150 лица, грил ресторан, летна тераса со 500 столови и сопствен паркинг простор.

 


Хотелски комплекс " Славија"

Тел ++389 96 22 198, 22 036
Факс ++389 96 21 004

    slavija2.JPG (16673 bytes)

Се наоѓа на 4 км од Охрид во месноста  Свети Стефан и се состои од два објекти - Хотелот "Орце Николов" и хотелот "Славија ". Хотелот "Славија " е од висока "Б"категорија и располага со 130 легла во 52 двокреветни соби, три еднокреветни и шест апартмани. Поголемиот дел од собите се со поглед на езеро. Хотелот има аперитив бар, просторија за разни активности, продавница за сувенири, сопствена плажа и паркниг простор.



slavija1.JPG (21674 bytes)
Хотелот "Орце Николов" ("Славија 2") располага со 308 легла во 154 двокреветни соби. Во
рамките на хотелот има ресторан со 450 столици, конгресна сала за 700 лица и летна тераса со 400 столици. Располага со спортско-рекреативни објекти за тенис, мал фудбал или ракомет, мини голф, пикадо, пловни објекти и друго.

 



Хотелски комплекс "Десарет"

Тел ++389 96 263 240
Факс ++389 96 263 448

desaret.JPG (36627 bytes)
Се наоѓа на 12 километри од Охрид, на самиот излез од населбата Пештани. Располага со 580 легла во 246 двокреветни соби, 6 апартмани во хотелот и 18 во девет посебни вили. Хотелот има два ресторани, конгресна сала со 700 места, летна тераса со 500 столици. Покрај тоа има грил ресторан, сопствена плажа, паркинг простор и спортски терени за тенис, ракомет, мал фудбал, сала за пинг-понг, куглана, ноќен бар и казино.

 



Хотел " Горица"

Тел ++389 96 260 402
Факс ++389 96 263 670

gorica.JPG (15535 bytes)Хотелот е од "А" категорија и се наоѓа на околу 4 км. од Охрид. Располага со 260 легла во 116 двокреветни соби, 10 еднокреветни и 4 апартмани. Во рамките на хотелот има аперитив бар, ресторан за национални и интернационални јадења, тераса и затворен базен. Има и терени за кошарка, ракомет, одбојка, фудбал, а во хотелот билијард и пинг-понг сала.

 


Хотел "Парк"

Тел ++389 96 260 061
Факс ++389 96 263 671

park.JPG (27214 bytes)
Хотелот е од "Б" категорија. Сместен е неспосредно до брегот од Охридското Езеро на околу 3 км од Охрид. Хотелот има 90 двокреветни соби, ресторан, тераса, а располага и со терени за спорт и рекреација.
Во непосредна близина се наоѓа ресторанот "Парк" со капацитет од 600 места и модерна дискотека.

 



Хотел "Метропол"

Тел ++389 96 260 660, 31 144
Факс ++389 96 31 212

 metropol.JPG (16563 bytes)
Хотелот Метропол е од " А" категорија и се наоѓа на околу 7 км. од Охрид. Располага со 125 соби, пет апартмани и еден резидент апартман. Исто така има ресторан, два аперитив бара, денсинг бар, покриен базен, куглана, сауна и спортски терени за кошарка и тенис.
Анексот на хотелот "Метропол" располага со 90 соби и е поврзан во комплекс така што можат да се користат сите содржини.

 



Хотел " Белви"

Тел ++389 96 31 480, 33 480
Факс ++389 96 31 548

 belvi.JPG (18944 bytes)

Се наоѓа на 7 км од Охрид. Располага со 160 соби и 25 апартмани. Во рамките на хотелот има аперитив бар, ресторан, посебна сала за појадок, пијано бар и снек бар. Располага со два отворени базени ( еден за деца) и терени за спорт и рекреација


 


Хотел "Силекс"

Тел ++389 96 31 059
Факс ++389 96 32 702

sileks.JPG (44146 bytes)
  Хотелот "Силекс" се наоѓа на 5 км од Охрид кај локалитетот Свети Стефан. Располага со 250 легла и 12 апартмани. Ресторанот е со 400 седишта, додека летната тераса со 600 седишта. Конгресната сала има капацитет од 800 седишта. Располага со отворен базен, казино и сауна

.


Хотел "Дончо"

Тел ++389 96 262 610
Факс ++389 96 262 826

donco.JPG (23788 bytes) 
Хотелот се наоѓа близу до центарот на Охрид на Булеварот "Туристички". Располага со 70 легла. Ресторанот има капацитет од 250 седишта, додека летната тераса е со 200 седишта. Хотелот има отворен базен.

 


Хотел "Далјан"

Тел ++389 96 25 380
Факс ++389 96 264 837

daljan.JPG (24015 bytes)

Хотелот се наоѓа на самиот влез на Охрид по стариот пат Струга-Охрид. Располага со 104 легла. Ресторанот има 400 седишта, додека летната тераса е со капацитет од 100 седишта. Располага и со забавно - рекреативни содржини.

 


 

Хотел "Застава"- Свети Стефан

Тел ++389 96 22 007
Факс ++389 96 31 009

  zastava.JPG (17657 bytes)

Хотелот "Застава" се наоѓа на околу 5 км од Охрид кај локалитетот Свети Стефан. Располага со 162 легла и 3 апартмани. Ресторанот е со 400, додека летната тераса со 250 седишта.
Во рамките на хотелот гостите имаат можност да се рекреираат на големиот фудбалски терен, тениското, одбојкарското и кошаркарското игралиште.

 

 

Хотел " Гранит "

Тел ++389 96 260 888
Факс ++389 96 260 887

granit1.jpg (16376 bytes)Хотелот "Гранит" се наоѓа на околу 6 км од Охрид. Располага со 250 легла и 18 апартмани.   Објектот има два ресторани со вкупен капацитет од 450 седишта и три летни тераси со 800 седишта. Конгресната сала е за 180 лица.
Гостите во хотелот имаат можност и за забава на тениското игралиште, теренот за кошарка, а на располагање им е и пловен објект за прошетки по Езерото.

 

 

Хотел "Свети Наум"

Тел ++389 96 76 524

  svnaum.JPG (34061 bytes)
Во рамките на манастирскиот комплекс Свети Наум се наоѓа истоимениот хотел. Располага со 23 апартмани и 12 легла. Има два ресторани со 250 седишта, додека летната тераса е со капацитет од 120 седишта.Гостите можат да се забавуваат во билјард сала и на тениското игралиште.Хотелот има и свој пловен објект кој е на располагање на гостите.

 


ИГМ Вратница- хотел Ривиера

RivieraТел ++389 96 22 735
Факс ++389 96 32 315

Хотелот " Ривиера " се наоѓа во центарот на Охрид, до самото пристаниште. Располага со 90 легла. Ресторанот има капацитет од 146 седишта, додека летната тераса има 140 седишта.

 

 

 

Авто камп " Љубаништа"

Тел ++389 96 58 811

ljuban.JPG (23119 bytes)
На околу 30 километри од Охрид, веднаш под селото Љубаништа, на површина од околу 10 хектари, се простира авто кампот "Љубаништа". Располага со 100 стационирани камп приколки или 400 легла, како и локации за 2.000 кампери. Во кампот има ресторан, ресторан самопослуга, грил киоск, продавница за прехрабени производи и сопствена песочна плажа од 1.500 метри.

 


Авто камп "Андон Дуков"

Тел ++389 96 21 035

Се наоѓа на 4 километри од Охрид на стариот пат за Струга, кај манастирот Свети Еразмо. Располага со камперски соби од цврста градба, стационирани камп приколки, како и место за околу 1.500 кампери. Во рамките на комплексот има ресторан со самопослужување, пространа летна тераса со 300 столици, два санитарни јазли, продавница за прехранбени продукти и сервис за автомобили.

 

 

Авто камп "Градиште"

Тел ++389 96 264 418
Факс ++389 96 262 578

gradiste.JPG (23512 bytes)Авто кампот е од I категорија и се наоѓа на околу 20 км. од Охрид ( на патот Охрид-Свети Наум). Располага со камп приколки, бунгалови и простор за 1.500 кампери. Во комплексот има мини маркет и терени за спорт и рекреација.

 


Авто камп "Елешец"

Тел ++389 96 22 023

eleshec.JPG (32506 bytes)Авто кампот "Елешец" се наоѓа на околу 10 км од Охрид по патот за Свети Наум. Располага со 700 легла во бунгалови и камп приколки. Има можност за престој со сопствени камп приколки и шатори.Во рамките на кампот работи самопослуга.

 


Ресторан " Летница"

Тел ++389 96 262 496

letnica.JPG (34608 bytes)
Се наоѓа во центарот на градот, околу 150 метри до езерото. Располага со ресторант за самопослужување за 300 лица, градска кафеана за 200 лица, како и ресторан со 150 столици. Објектот има грил ресторан, дискотека и летна тераса со 500 столици.

 

 

 

Ресторант "Острово Свети Наум "

Restoran Sv. Naum - ostrovoТел ++389 96 76 458

Се наоѓа на 30 км. од Охрид кај манастирскиот комплекс Свети Наум. Располага со 100 столици во затворен и 450 столици на отворен простор. Ресторанот е од сезонски карактер и работи од април до октомври.

 

 

 

Ресторан "Ориент"

Тел ++389 96 22 217

Се наоѓа на самиот влез од старата чаршија до Чинарот. Ресторанскиот дел располага со 120 столици и тераса со 300 столици.Во ресторанот се приготвуваат јадења на скара, национални специјалитети, како и од европската кујна.

 

 

Ресторан " Билјанини извори"

Restoran Biljanini IzvoriТел ++389 96 24 816

Ресторанот "Билјанини извори " се наоѓа на излезот од градот кај легендарните Билјанини извори. Располага со капацитет од 100 седишта во затворен простор и 150 седишта на летната тераса.Специјалитети на ресторанот се јадења на скара и риба, како и специјалитети од националната кујна.

 

 

Ресторан "Далга"

Коста Абраш 7
Тел ++389 96 31 948

dalga.JPG (25524 bytes)
Ресторанот се наоѓа во стариот дел на градот до Езерото. Ресторанот има капацитет од 65, а летната тераса од 120 седишта. Во ресторанот "Далга" се приготвуваат сите специјалитети од домашната и интернационалната кујна.

 



Ресторан "Антико"

Цар Самуил 30
Тел ++389 96 23 523

antiko.JPG (25700 bytes)
Ресторанот "Антико" е сместен во стариот дел на градот по патот што води за црквата Света Софија. Располага со 60 седишта.Се приготвуваат специјалитети од риба, како и други јадења од домашната и интернационална кујна

.



Рибен ресторан

Тел ++389 96 263 827

riben.JPG (21498 bytes)
Ресторанот се наоѓа во центарот на градот, до плоштадот. Располага со две сали со вкупен капацитет од 120 и летна тераса со 140 седишта.Специјалитети на кујната се јадењата на скара, рибните специјалитети, а застапени се и другите домашни и интернационални јадења.

 

 

Меѓународен младински центар - хотел "Магнус"

Тел ++389 96 21 671

Хотелот "Магнус" се наоѓа на излезот од Охрид по стариот пат за Струга. Располага со 100 легла. Ресторанот е со 450, а летната тераса со 200 седишта. Хотелот располага со терен за фудбал и ракомет.

 

NAGORE