OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..
Интернационална уметничка колонија "Дебарца"

debar.JPG (12506 bytes)Општина Белчишта

На околу 25 км од Охрид се наоѓа селото Белчишта, кое е седиште на ноформираната општина со истото име. Во ова населба традиционално, оваа година веќе по 14 пат, се организира ликовна колонија. Оваа колонија е специфична по тоа што е една од ретките што се организира на село.

осега на колонијата имаат учествувано над 150 сликари од Македонија и странство. Создадени се над 300 дела од разни области на ликовната уметност. По завршувањето на колонијата делата традиоционално се презентираат пред јавноста во Македонија.

 

Галерија- ателје Серафим

Кузман Капидан 94
Тел ++389 96 25 414

 Во 1979 година академскиот скулптор Томе Серафимоски, под Плаошник (Имарет), ја отвора својата галерија. Тој има завршено училиште за применета уметност во Сплит, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Загреб (Хрватска) во класата на Антун Августинчиќ. Денес е член на МАНУ.

Создава дела во кои основен мотив е човекот, односно како што ќе забележи еден од  неговите хроничари неговата галерија е место " каде ќе се редат еден по друг сите великани на ова поднебје на Македонија ".

Серафимоски е автор на монументалното дело - скулптура на словенските просветители Свети Кирил и Методиј што се наоѓа во Охрид.

 

 

Галерија "Охридска порта "

29-ти Ноември 3
Тел ++389 96 22 755

vangel.JPG (14893 bytes)Точно 33 години по отворањето на неговата прва самостојна изложба ликовниот уметник Вангел Наумоски, во 1985 година, ја отвори галеријата "Охридска порта". Наумоски без академско образование се формира во еден од најзначајните уметници во Македонија кому изминативе децении му беа отворени најугледните галерии во Европа и светот.

Долго време е третиран како "наивец" . Верификацијата на неговото сликарство е веќе минато зашто неговото име може да се сретне во сите прегледи на македонското и светското сликарство.

" Природата е неговата опчинетост " и со тие слики тој го достигнува својот триумф.

 

Галерија Упевче

7- ми Ноември 10
Тел ++389 96 21 897

Над 25 години ликовниот уметник Славко Упевче го документира Охрид и неговата околина.Тој е пред се охридски сликар, кој е во постојана потрага за некој нов, невиден агол, што ќе го претстави градот (објектот) во нова димензија.

Како што ќе каже еден од познавачите не неговиот ликовен израз - делата на Упевче претставуваат " своевидна уметничка хроника на совремието, која овој уметник преемствено ја испишува од поодамна, верно бележејќи ги отпечатоците на времето во телото или душата на дотичните симболи на градот ".

 

Ателје - Галерија Живко Пејоски

Цар Самуил 52
Тел ++389 96 37 591

zivko.JPG (15967 bytes)Галеријата на уметникот Живко Пејоски е отворена во 1984 година. Во неговото создавање доминираат амбиенталните мотиви, а покрај тоа работи и со плитка релјефна пластика и сувенири.Заокружувајќу го ангажманот на овој познат сликар еден од неговите познавачи ќе рече: "Пејоски преку неговото сликарство го претставува автентичниот национален презент на етинкумот на кој му припаѓа".

 

Галерија Симонче

Климент Охридски 144
Тел ++389 96 22 679

simon.JPG (9700 bytes)Јоне Симонче заокружува еден редок јубилеј - 50.години активен ангажман на полето на уметноста. Во својата младост учи сликарство, иконопис, резба, сценографија, но сепак останува приврзаник на боите.

Во неговата галерија ќе ги видите убавините на Охрид. Архитектурата, езерото, мрежите и рибарите ве потсетуваат на минатото, но и на она што е сегашност во охридскиот живот. Посебно е приврзан кон чунот. Во една прилика истакнува сакам да ја насликам целата историја на охридскиот чун. А, станува збор за околу 300-та годишна традиција.

 

Галерија Резонанса

Страшо Пинџур 4
Тел ++389 96 21 581

Мултимедијалниот проект " Се трепери" реализиран од необичната личност Драган Спасески- Охридски во неговата сопствена галерија всушност е компониран од изложба на негови слики (" антропоморфно сликарство со нагласена иконографија, која само привидно се означува како реалистика " ; Маниристично преобликување- стилизирање на формите и ликовите на некои митолошки и средновековни византиско-готски поттици") од кои се застапени акраверите, како и скулптурите. Д-р Спасески-Охридски самиот како личност се определува како уметник.

Галеријата "Резонанса" (1996 г.) е распоредена на неколку нивоа.

    

   

NAGORE