OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

..vlast.JPG (7380 bytes)
Организација на власта во Општина Охрид
Општина Охрид
Димитар Влахов 57
Тел ++389 96 262 469
Факс ++389 96 32 454

Општината Охрид е единица на локална самоуправа, во која граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа непосредно и преку претставници во органите на Општината ( член 1 од Статутот на Општина Охрид).

Opstina Ohrid  (pritisni za pogolema slika)Од 1945 година наваму територијата на Општина Охрид често е менувана.

До 1990 година владееше еднопартискиот систем на чело со Сојузот на комунстите. Во текот на спомената година се формираа и регистрираа голем број политички партии. По завршените избори во јануари 1991 година се формира првото повеќе партиско Собрание на Општина Охрид. Собранието го сочинуваа 50 одборници и тоа: 15 од ВМРО-ДПМНЕ, 25 од СКМ-ПДП (потоа пререгистрирана како Социјалдемократски сојуз на Македонија), 3 од Партијата за демократски просперитет, и по двајца од МААК, Социјалистичката партија и Сојузот на реформски сили.

Интересите на Општина Охрид во тој мандатен период, во Собранието на Република Македонија, ги застапуваа четворица пратеници- сите од ВМРО-ДПМНЕ.

Вторите Општински избори се одржаа есента 1996 година. Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид се одржа во декември истата година. Советот го сочинуваат 23 советници и тоа: 7 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, исто толку од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од Социјалистичката партија и по еден од Работничката партија, Демократската партија на Турците , Социјалдемократската партија на Македонија и Демократска партија.

Интересите на општина Охрид во Собранието на Република Македонија ги застапуваат четворица пратеници сите од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Органи на Општината се : Советот на Општината, Градоначалник, Управни и административни органи на Општината и Главен архитект на градот.

Povelba na UNESCOСпоред Статутот Општината врши поголем број работи меѓу кои позначајни се програмите за развој, поттикнување и содавање услови за развој на занаетчиството, туризмот и угостителството. Дава мислење и предлози за развој на установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование, основната здравствена заштита, заштита на животните и билките, заштита и унапредување на животната средина, го уредува и организира градењето и одржувањето на локалните патишта и улици и други работи поврзани со инфраструктурата (вода за пиење, јавно осветлување, градскиот сообраќај и слично).

Граѓаните на Општината непосредно можат да одлучуваат преку: граѓанска иницијатива, собир на граѓани и референдум.

Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните. Советот го сочинуваат 23 претставници на граѓани избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Членовите за Советот се избираат за време од 4 години.

Градоначалникот ја претставува и застапува општината. И тој се бира на општи, неспосредни и слободни избори со тајно гласање за период од 4 години.

Граѓаните во општината одлучуваат и за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа преку облици на месна самоуправа.

     

NAGORE