OHRID - LOGO
Мапа на градот
Охридско Езеро
Охрид низ историјата
Цркви и манастири

Галерија на икони
Културни институции

Угостителски објекти
Фестивали
Агенции

Стопански  организации
Здравствени организации
Научни организации
Уметнички галерии
Образование
Медиуми

Религија
Национален парк

Пливачки  маратон
Семинари
Организација  на власта
Аеродром
Амбасада за Л.Д.

 

PRETHODNA STRANA

.
ЈЗО Медицински центар
Сирма Војвода 1
Тел ++389 96 34 144
Факс ++389 96 22 749
e – mail: MEDCENOH @ soros.org.mk

Медицинскиот центар од Охрид ги врши дејностите на здравствена, амбулатно-поликлиничка и диспанзерска здравствена заштита како и болничка и стоматолошка здравствена заштита, медицинска рехабилитација, обезбедување со крв и крвни деривати и обезбедување со лекарства и други санитетски средства.

 

Специјална детска болница

Населба Свети Стефан
Тел ++389 96 34 055
Факс ++389 96 21 907

Основна дејност на Специјалната детска болница е продолженото лекување и рехабилитација на деца од една до 16 годишна возраст и оваа болница е единствена од ваков вид во Република Македонија. Во болницата успешно се лекуваат заболувања на кардиоваскуларниот, респираторниот, уринарниот, нервниот и гастро системот.

 

ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија

Тел ++389 96 34 896
Факс ++389 96 22 597
www.orthopedic.org.mk
e-mail: info@othopedic.org.mk

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија е сместена на самиот брег на Охридското Езеро и основната дејност е лекување на сите заболувања на локомоторниот апарат, вклучувајќи хируршки, конзервативен и третман со физикална терапија. Во болницата успешно се лекуваат аномалиите на локомоторниот систем, заболувања на 'рбетот, интервенции на колк со ставање на вештачки колкови, вадење на менискус, рамни стапала, специфични воспалителни заболувања на коските, издолжување на екстремитетите по методата на Илизаров, оперативни зафати од доменот на урологијата и пластичната хирургија, церебрална парализа, а се врши лекување со физикална терапија, хидротерапија, Кинези терапија и хелиотерапија.

 

Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања

Тел ++389 96 32 486
Факс ++389 96 22 025

Болницата е сместена во населбата Свети Стефан. Основна дејност е лекување и рехабилитација на срцеви заболувања и тоа: рехабилитација на болни по доживеан акутен миокарден инфаркт, по извршена бај пас операција (хируршка реваскуларизација), по извршена балон дилетација ( PTCA-продувавање), болни со вграден пејс мејкер, болни оперирани од стекнати или вродени срцеви мани, лица со хипертензивна болест и заболувања на периферната циркулација, како и на други видови заболувања - неоперирани лица со стекнати или вродени срцеви заболувања.

Болницата врши и амбулантно-поликлинички испитувања од доменот на неинвезивната кардиологија, а има и сопствена единица за интензивна коронарна нега (ICU) опремена со мониторинг систем за континуирано следење на пациентите.

   

NAGORE